Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Визуализација на латентни отпечатоци од прсти со пари од јод

Пари од јод се задржуваат на масни траги од отпечатоците и се применуваат на порозни површини а се манифестираат како жолто или кафено обојување.

Прибор
Сад за јодна бања (кафено стаклено шише) (Сл. 1)

Хемикалии
Јод

Начин на работа
• Во стаклен сад (кафено стаклено шише или пулвер шише) ставете лажица јод.
• Ставете го примерокот (парче хартија со отпечаток од прст) во јодната бања.
• Почекајте 5-10 мин.
• Проверете дали се визуализирал отисокот на примерокот и ако отпечаток е видлив отстранете го од јодната бања.
• Латентните отпечатоци развиени со пари од јод (Сл. 2) мора веднаш да бидат фотографирани тие не се постојани.
• Јодната бања може да се користи многу пати и кога јодот се потроши треба само да се додаде друг.

Сл. 1. Сад за јодна бања

Совети за безбедност
Внимавајте кога работите со јод, тој може да направи жолти или кафени петна на кожата или облеката.

Сл. 2. Отпечатоци развиени со пари од јод